СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Во новата Opel Mokka легендарната молња ќе добие поинаков сјај

 

Сите идни нови модели на Opel ќе го носат ново дизајнирано лого на Opel – тридимензионалноста, во интерес на дигиталната комуникација, ќе ја изгуби рељефната особина.

Веќе најавената генерација на Opel Мokka храбро зачекорува во нови дизајнерски полиња.

Тоа е првиот модел со Opel Vizor, како идно лице на брендот и Pure Panel, целосно дигиталниот кокпит на иднината,.

Дизајнерската екипа, со Марк Адамс на потпреседателската функција, не застанува тука.

Легендарното лого на брендот исто така е преработено и ќе ги краси сите претстојни модели на германскиот производител.

„Околниот прстен сега е потенок, поелегантен, попрецизен и поизразен. Ова уште повеќе ја нагласува молњата“, вели Марк Адамс. „Сите детали се супер остри со многу мал радиус.

Опеловиот фонт е интегриран во долниот дел на прстенот – како фино гравиран накит. Ја интегриравме „молњата“ видливо во Vizor и го средивме централно на името на моделот одзади”.

Молњата во круг ги украсува сите модели на Opel од 1963 година. Во зависност од моделот и годината на производство, со текот на времето амблемите претрпуваат само мали измени .

Од 1970 овој корпоративен дизајн е ревидиран за прв пат во 1987 гoдина. Од 2016 година, моделите на Opel се украсени со прецизно извајана хромирана молња.

Официјалното лого на компанијата беше дизајнирано во модерна рамна форма во летото 2017 година. Редизајнираната молња за идните возила сега совршено се вклопува во дводимензионалното лого кое е прикладно за дигитална комуникација.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот