СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Во Кина пуштен во употреба најголемиот преку-морски мост (Видео)

 

Во Кина е предаден во употреба најдолгиот поморски мост кој ги поврзува Хонг Конг и Макао со континенталниот дел на земјата.

Во современиот свет Кина е позната како една држава со два различни економски системи – комунистички и капиталистички.

Како тој систем функционира веќе им е познато на сите жители на планетава, и тоа преку производи кои го носат печатот Made in China.

Со отварање на новиот мост сега и физички се поврзуваат островите Хонг Конг и Макао кои 99 години беа под британска управа и континенталниот дел кој сеуште ги носи белезите на комунистичко управување.

Идеите за поврзување на големиот трговско-финансиски центар со континенталниот дел на најнаселената земја во светот, потекнуваат уште од доцните осумдесети години, но реализацијата е започната во 2012 година.

Мега проектот се состои од мост со должина од 35 км кој потоа преку вештачки остров влегува во подводен тунел кој е долг 6.7 км.

Ова решение е направено поради обезбедување на непречен проток на бродови преку делтата на реката Pearl River.

Целиот проект чини 15.31 милијарди долари, сума која е далеку повисока од проектираната.

Шпекулациите базирани на продолжување на роковите за изградба помеѓу останатото говорат и за одредени коруптивни дејанија, но сепак тоа се само шпекулации а мостот е реалност од која сите ќе профитираат.

За сега, патниот сообраќај ќе биде контролиран и ограничен само на корисници со посебни дозволи, а во подоцнежните фази тој ќе биде либерализиран.

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=KqLncpuQRUU[/tube]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот