СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Во двa од трите најпрадавани сегменти во Европа се најдоа Renault Clio и Captur

 

Според податоците кои ги прибраа експертите од агенцијата на порталот „fokus2move“ најомилени модели од сегментите кои покриваат над 60 проценти од вкупната продажба на автомобили во Европа, се бестселерите на Renault, моделите Clio и Captur.

На првите десет места на најомилени модели на цела територија на Европа се наоѓаат дури пет возила од „Б“ сегментот. Од друга страна на првата десетка не се најде ниту еден модел на Opel или Fiat а од јапонците присутeн е само Nissan и тоа со само еден модел.

На самиот врв на продажбата пласирани се три модели од иста класа – Renault Clio (207.114), VW Polo (203.247) и Ford Fiesta (162.180). Кога веќе говориме за „Б“ сегментот да напоменеме дека Peugeot 208 со 135.736 и Citroen C3 со 123.196 примероци се пласирани на осмото односно десетото место.

Интересно е да се напомене дека растечкиот сегмент на субкомпактни кросовери најдобро се огледа во продажбата на 120.582 единици на Renault Capture кој според ова остврување убедливо е на чело на класата, а во вкупната продажба го зазема виското единаесето место.

Распоредот на директните конкуренти од класата: Peugeot 2008 на 18.; Toyota C-HR на 33.;  VW Т-Rock на 35.; Fiat 500X на 45.; и Opel Mokka X на 52., ја заокружуваат првата петорка, јасно покажувајќи го зголемениот интерес за субкомпактните SUV/кросовери.

Распоредот на најпродавани модели во „Ц“ сегментот е помалку или повеќе очекуван: Volkswagen Golf (1), Skoda Octavia (7), Ford Focus (9), Renault Megane и Opel Astra (24) се на првите пет позиции на најпреферирани компакти.

Темелноста на добиените резултати на стручните служби на „fokus2move“ се базира на анализа добиена од сите национални здруженија на производители или дилери во Европа, вклучително и Европската Асоцијација на автомобилски производители.

Во пресметката се вклучени 28 европски држави плус 3 членки на E.F.T.A (Швајцарија, Исланд и Норвешка) како и на државите од Источна и Јужна Европа како што се Русија, Турција, Украина, Македонија, Босна, Србија, Албанија, Молдавија, Белорусија, Ерменија, и Грузија.

На листата подолу се дадени првите десет модели распределени по најпродаваните класи во Европа.

 

  „Б“ сегмент

  1. Renault Clio (2)
  2. Vokswagen Polo (3)
  3. Ford Fiesta (4)
  4. Peogeot 208 (8)
  5. Citroen C3 (10)
  6. Opel Corsa (12)
  7. Dacia Sandero (13)
  8. Toyota Yaris (14)
  9. Skoda Fabia (20)
  10. Kia Rio (31)

SUV/Crossover „Б“ сегмент

  1. Renault Capture (11)
  2. Peugeot 2008 (18)
  3. Toyota C-HR (33)
  4. Vokswagen T-Rock (35)
  5. Fiat 500X (45)
  6. Opel Mokka (52)
  7. Opel Crossland (58)
  8. Citroen C3 Aircross (59)
  9. Audi Q2 (75)
  10. Seat Arona (77)

„Ц“ сегмент

  1. Volkswagen Golf (1)
  2. Skoda Octavia (7)
  3. Ford Focus (9)
  4. Renault Megane (19)
  5. Opel Astra (24)
  6. Peugeot 308 (25)
  7. Audi A3 (28)
  8. Seat Leon (30)
  9. Mercedes A-Class (34)
  10. BMW Serie 1 (36)

 

Во заграда е дадено рангирањето на возилото од листата на 100 најпродавни модели во Европа.

 

(Извор: www.fokus2move.com)

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот