СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Вистини и заблуди за електричните возила

 

Автоиндустријата се наоѓа во период на интензивна замена на енергенсите. Која е моменталната состојба со електромобилноста и колку ние сакаме и можеме да ги пратиме тие движења?

 

1. Законска регулатива во ЕУ

Според веќе усвоениот акциски план на ЕУ до 2035 год. како нови возила ќе смеат да се продаваат само тие кои имаат нулта емисија на издувни гасови.

За сега тој услов го исполнуваат само возилата на електричен погон.

Затекнатите возила со внатрешно согорување ќе може да останат во употреба до 2050 год.

Исто така до 2050 год, при производтсвото на новите возила ќе биде дозволено да се користи само енергија добиена од обновливи извори.

Веќе извесно време Европскиот парламент разгледува иницијатива според која користените возила од државите на ЕУ нема да смеат да се извезуваат во останатите држави на Европа. Расправата се одвива околу староста на тие возила.

После тој период ќе одат под преса. Тоа значи дека ние не можеме да рачунаме на користените возила од европските држави

 

2. Возните својства на EV се прилично возбудувачки

Транзицијата од автомобили со мотори со внатрешно согорување кон електрични погони се одвива со забразано темпо. Без разлика колку тоа нам ни се допаѓало или не, во претставувањето на нови модели производителите се натпреваруваат кој прв ќе ги пополни сите класи на автомобили со тие на електричен погон.

Дизелите веќе ги нема а бензинците (секако со некакво ниво на електрификација) стануваат вистиснка реткост. Самоиницијативно многу производители ја поставија 2030 год. како „дедлајн“ за напуштање на класичните погони.

 

3. Ни недостигаат проверени информации

Секаде низ светот има силни поддржувачи на автомобилите со традиционални погони, па неретко се шири силен опортунизам кон електричните технологии. Често пати (најчесто по социјалните мрежи) се прикажуваат возила кои се самозапалуваат, карикирани слики од возила со испразнети батерии, со дизелски полначи прикачени за нив, итн, итн.

Тоа го има низ сите континенти, а минатите години неретко и самите производители даваа сочни поводи за исмејување.

Тоа што во мометов се нуди како возила на електричен погон е далеку од нивото на исмејување, тоа веќе не го дозволуваат огромните финансиски средства кои се вложуваат во нивниот развој.

Chevrolet Equinox

4. Потребна инфраструктура за полнење

Паралелно со вложувањата во развој, се работи и на потребната инфраструктура за полнење на батериите. Се смета дека до 2035 година во Европа една третина од возилата ќе се движат со помош на електрична енергија.

Ние како држава ништо не преземаме во тој правец (ќе чекаме и тоа да ни го реши некој друг па потоа ќе кукаме како ја распродаваме државата). Таа инфраструктура се гради релативно лесно, односно многу полесно отколку да пренесувате течни горива и да градите бензиски станици за полнење.

Од технички аспект гледано, кај преносот на ел. енргија нема некои нерешливи пречки (технички гледано, полначите всушност се трансформатори со конвертори за едносмерна струја) освен поставување на станици за полнење. А тие може да бидат поставувани буквално секаде каде што има квалитетен довод на ел. енергија.

Домашните увозници веќе имаат поставено полначи пред нивните салони, а неодамна е донесена одлука и за поставување на нови 25 станици во Центар, Карпош и Аеродром. Ако се земе предвид дека во салоните веќе има понуда од околу 45 основни модели на EV тоа не е доволно, но барем процесот е започнат. Во овој поглед прилично заостануваме зад европските држави.

Link & Co 09

5. Од каде додатни количини електрична енергија? 

Основното прашање упатено кон заговарачите на електромобилноста гласи: од каде тие додатни количини на електрична енергија, кога и сега се чуствува општ недостаток во Европа?

Светските стратези а електромобилност, одговараат дека е тоа надминлив предизвик. (Ре)активирање на атомските централи и градење нови, потоа со зголемување на учеството на добивање енергија од обновливи извори (на ова поле ние имаме убави изгледи), и секао, на создавање на нови технологии во добивањето на чиста енергија.

Што се однесува до нас, ние сме со крајно ограничени енергетски ресурси, нафта и гас немаме воопшто, електрика произведуваме околу 20% од потрошувачката, но за охрабрување е добивањето енергија од фотонапонски извори. Во моментов се смета дека околу 300 мега вати имаме инсталирана моќност а добивање на уште толкава количина на енергија е во изградба.

Citroën ë-C3

6. EV се прескапи!

Многу е погрешна перцепцијата дека EV се прескапи. Да, на почетокот на електрификацијата се нудеа само скапи седани кои по правило чинеа преку 50 илјади евра. Со развојот на батериите, и со зголемување на конкуренцијата сега имаме ситуација при што буквално нема автомобилска категорија која не е пополнета со понуда на варијанта со ел. погон.

Како за пример нека послужи EV од субкомпактната класа (петосед, со четири врати и должина од cca 4 метри), со капацитет на батерија од 50-тина kWh кој може да пристигне до далечина од околу 350 километри.

Цената на таков примерок на кинескиот пазар е под 15К евра, а на европскиот (Citroen ë-C3) веќе од 23К евра. Конкуренцијата, од фаза „да се има производ“ влегува во фаза „да се понуди конкурентна цена“. Бенефитот од таа економска логика ќе го имаат потрошувачите.

Наведениот пример е даден поради европскиот стандард според кој се смета дека вработените во ЕУ, до работа и назад дневно во  просек поминуваат околу 60 километри. Тоа значи дека возилото би се полнело еднаш неделно, што мора да признаеме и не е некоја драматика. А цената на самото возило веќе е конкурентна на класичните возила со иста големина.

Франција и Италија веќе имаат социјални програми со кои ја демократизираат електромобилноста. На француските корисници им се нудат EV со месечна рата од 100 евра, а италијаните може да купуваат со државни субвенции. И во двата случаи парите ќе се обезбедуваат од додатни давачки за загадувачите!

Во врвот на понудата се возила кои со едно полнење може да поминат помеѓу 600 и 1.000 километри. Во моментот нивната цена е над 80К но имајќи го предвид интензивниот равој и се поголемата конкуренција, се очекува перфомасите да растат со истовремен пад на цените на постојната техногија.

 

 

 

 

Од дводневната дискусија по темава околу „Стратегијата“ за употреба на EV доаѓаме до неколку значајни сознанија:

  1. Скромни познавања за веќе донесената законска регулатива на ЕУ за EV;
  2. Преминот на ел. погон воопшто нема да зависи од нашите желби и од афинитетите кон EV;
  3. Користењето на електричните возила, како и технолошко ниво на новите модели се заснова на полуинформации или на селектирани информации
  4. Темпото на развој на потребната инфраструктура
  5. Потребните енергетски ресурси за постепено преминување на електромобилност
  6. Понудата и трендот на движење на цените на EV

Сите овие точки можеме да ги дискутираме аргументирано и со факти, а од наша страна сме подготвени да дадеме придонес за расчистување на сите нејаснотии од областа.

И токму тоа ќе го правиме во наредниот период.

 

 

Затоа сметаме дека имаме потреба од:

  1. Градење консензус за носење на „Стратегијата“
  2. Расчистување си дилемите за значечето на навремено носење на „Стратегијата“
  3. Потребата од вклучување на законодавните, финансиските, осигуритекните, еколошките,… како и други општествени фактори при примена на усвоените стратешки цели

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV