СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Викторија Лоба во разговор со новата А-класа

 

На спектакуларен начин во Сити Мол претставена новата А-класа.

Црна голема кутија со таинствена содржина на која отчукуваше часовник беше поставена во холот на Сити Мол.

Присуството на прекрасната Викторија Лоба уште повеќе ја зголемуваше неизвесноста.

Во моментот кога часовникот покажа на нула преостанато време, кутијата се отвори и од неа излезе прекрасен автомобил во бела боја. Дилеми веќе немаше, тоа е целосно новата А-Класа на Mercedes-Benz.

За секој друг бренд ваков начин на претставување би претставувал невообичаен спектакл.

Но за еден амбициозен модел, како што тоа бездруго е новата А-класа, ова претставуваше само уште едно вообичаено демонстрирање на иновативноста.

А токму таква е новата генерација на А-Класата. Поголема, попострана, побезбедна, а технолошки отидена таму некаде во блиската иднина.

При деталното презентирање, Викторија Лоба се задржа на директната конверзација со возилото при што преку гласовни команди и успеа да ги подеси температурата, да го отвори кровниот отвор, да избере радио станица, да ја подеси бојата на внатрешното осветлување, и секако да повика своја пријателка по телефон.

Разговорот со возилото, кој секогаш започнува со „Хеј Мерцедес“, е овозможен од ново развиениот систем – Mercedes-Benz User Experience (MBUX), со кој Mercedes најавува нова ера на дигиталната комуникација.

Подеднакво импресионира и инструмент таблата составена од два екрани осетливи на допир кои за прв пат ги сретнуваме во компактната класа исто како и раскошноста на просторната понуда (вкупната должина сега изнесува 442 cm).

Првично новата А-Класа ќе се нуди со три мотори: бензиски со 163 и 224 КС и еден дизел од 116 КС.

Почетната цена е поставена нешто под 30 илјади евра, а за подетални информации би ве упатиле на адреса на домашниот увозник, Мак Аутостар.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг