СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Белата боја и понатаму најзастапена

 

На планетарно ниво, купувачите и понатаму најчесто ја бираат белата за боја на своите љубимци на четири тркала.

Според американската компанија Axalta која е еден од најголемите производители на бои во светот, таа годнава учествува со 35%, што е за 3% помалку од лани.

Белите автомобили најчесто се купувале во Азија каде нивното учество изнесува 45% (во Кина дури и 50%), а слично е и во Африка со 43%.

Во Европа ситуацијата е потполно поинаква каде само 23% од вкупниот број продадени автомобили се бели.

Втора најчесто бирана боја за возилата е црната – таа глобално држи 19% (+4%) од пазарот. Во Кина и Европа 22% од возилата биле црни а во Индија само 3%.

Следна на листата е сивата исто со 19%, процент кој на Стариот континент се искачува на 27%, а во Азија паѓа на 13%.

Понатаму следат сината со глобално учество од 8%, црвената со 5% и кафеавата со 3%, додека зелената и жолтата се на минимални 1% учество.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот