СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ај погодете што е ова и од каде доаѓа [галерија]

Да ви помогнеме – не е од Кина, туку од многу поблиску, всушност најблиската земја до нас каде се вози по левата страна на патот.

Тешко ви оди? Разбирливо е, бидејќи овој автомобил кој се вика Günsel B9 доаѓа од Северен Кипар.

Претставен е на саемот Мусиад Експо во Истанбул, а е развиен од приватниот Блискоисточен Универзитет од Никозија.

Ирфан Гинсел, ректорот на универзитетот и син на неговиот основач Суат, го претстави како сон за неговото семејство, чиј имот се проценува на 2,1 милијарди долари.

Günsel B9 има капацитет да привлече големо внимание со својот сосема прифатлив дизајн и еколошките технологии.

Погонот му е електричен со моќност од 190 коњски сили, има автономија од 350 километри, забрзува до 100 km/h за 8 секунди, а постигнува електронски ограничени 170 километри на час.

Додека траеше неговиот развој се потпишани се договори за соработка со над 800 добавувачи од 28 земји за неговото производство, кое треба да започне веќе идната година.

План е да се произведуваат по 20 илјади возила годишно, кои ќе се извезуваат во земјите од регионот, вклучувајќи ги и балканските држави.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот