СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Испорака на автомобили со заштита од корона

Пандемијата на коронавирусот ги натера сите да ги преиспитаат своите животни навики и да работат нешта кои до вчера ни изгледаа бесмислени.

Меѓу најновите примери за тоа е и потегот на индискиот производител TATA кој воведе сосема невообичаен начин на испорака на автомобилите на купувачите.

Имено, со цел за максимална заштита на нивното здравје, Индијците ги пакуваат новите автомобили во големи пластични меури.

Тие се целосно стерилизирани и го спречуваат секој контакт на работниците од целиот синџир на испорака – од фабриката, преку транспортерите, до продавачите.

Купувачот сепак ќе мора да го распакува возилото пред да си го одвезе, што истовремено ќе претставува и уште еден радосен момент кој ќе го зголеми неговото задоволство.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот