СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Англичаните се плашат да возат на дожд!

 

Една сериозна анкета од Велика Британија покажува резултати, кои, благо кажано, се изненадувачки.

Впрочем, како и многу други работи од Островот кои тешко можеме да ги сфатиме, таква е и оваа, дека Англичаните се плашат да возат на дожд!

Нема да бараме по интернет колку дождливи денови имаат во годината, ниту пак ќе го коментираме нивното мислење, туку само ќе ви го пренесеме.

А него ни го обезбеди кралскиот авто клуб RAC кој анкетираше 2.100 возачи, од кои дури 72 отсто изјавија дека бараат пониски ограничувања на брзината кога врне дожд.

За сликата да биде комплетна треба да се каже дека максималната брзина на автопат во Велика Британија е ограничена на 70 милји на час, односно 113 km/h.

Од оние анкетирани кои се изјасниле за ова, 33 отсто сакаат ограничување на 97, а 17 отсто на 105 километри на час.

Слични ограничувања има и во други земји од Европа – во Франција, на пример, место 130 кога врне дожд дозволени се 110 километри на час.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот