СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Американците со свои адути во најмускулестата категорија

 

Dodge Challenger SRT Hellcat со мотор од 808 КС е достојна замена за пензионираниот снагатор Dodge Demon.

Европските супер спортисти ги знаеме доволно, и не само ние туку и фановите од останатите континенти. Но и преку барата има автомобили кои најдобро се снаоѓаат на тркачка патека.

Неодамнешното пензионирање на Dodge Demon многумина фанови ги фрли во очај, но не за долго.

Замената е најдена во Dodge Challenger SRT Hellcat кој во изведбата Redeye Widebody ќе ги задоволи и најпребирливите. Неговиот Hemi V8 мотор може да испука големи 808 КС и момент од 957 Nm!

И, што мислите дека може да постигне со тие бројки? Ништо помалку од забрзување (до 96 км/ч) кое трае само 3.4 секунди и максимум кој запира на бројката од 326 км/ч.

Ако некој макар за миг се посомнева во квалитетот на вградените компоненти ќе ги споменеме само прилагодливото потпирање, потоа сопирачките на Brembo и 20-цолните тркала.

Убавината на оваа америчка спортска класика се крие и во фактот што за неа производителот бара скромни 69.650 долари. За таа количина на бакноти европјаните нудат преполовена количина на мускули и многу поскромни постигнувања.

Видеото подолу ќе проговори многу појасно отколку било каков опис. Уживајте!

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=r_VI-wFT0kQ&t=25s[/tube]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV