СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Американските производители ја тужат својата влада

Додека јапонските производители во Велика Британија молчешкум се подготвуваат од државата да бараат оштета ако не се потпише трговски договор со ЕУ, американските го дигнаа гласот и на својата влада ѝ испорачаа тужби.

Нивното незадоволство доаѓа од трговската војна на САД со Кина од која како последица произлегоа увозните царини за деловите произведени во најбројната земја во светот.

Тужби имаат поднесено Tesla, Mercedes, Volvo и Ford, на кои најверојатно ќе им се придружат и други.

Нивната цел е заедничка – бараат да се укинат мерките и им се вратат парите, и тоа со камата.

Сé започна кога претседателот Трамп воведе царини на увоз на стоки и услуги од Кина, укажувајќи на огромната нерамнотежа во надворешно-трговскиот биланс.

Кина возврати, а на бришан простор се најдоа токму американските фирми кои увезуваат од таму.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV