СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Се предлага ново кривично дело: „Безобзирно управување со моторно возило“.

 

Министерот за правда, Бојан Маричиќ предлага ново кривично дело за тешки дела во сообраќајот со кое се предвидува драстично зголемување на казните за тешки сообраќајни прекршоци.

Македонија воопшто не е позната по сообраќајната дисциплина на своите граѓани.

Напротив, според бројот на сообраќајни незгоди во кои има жртви и тешко повредени, го заземаме едно од водечките места во Европа.

Докази за тоа има безброј, доволно е да се погледнат статистичките податоци, а што е уште пострашно доволно е да поминете неколку часа во обиколка на државата и лично да се уверите во хазаредрските склоности на поединци.

Кон непожелната состојба придонесува и несватливо благата казнена политика предвидена во важечката законска регулатива.

Погледнете ги само двете последни казни на виновниците за сообраќајни незгоди каде што освен тешко повредени има и загинати лица. Условни казни за виновници кои предизвикале сообраќајни незгоди во кои смртно настрадале недолжни граѓани.

По се изгледа оваа апсурдна ситуација допре и до одговорните кои сега предлагаат нови дела во кривичниот законик.

Конкретно, министерот за правда предлага ново дело, „Безобзирно управување со моторно возило“ според кое, ако се донесе, идните тешки сообраќајни прекршоци ќе бидат казнувани со 3 односно со најмалку 4 годишна робија во случај ако има и жртви.

Иако и новиот предлог не делува многу застрашувачки, сепак означува пресврт во казнувањето на возачите кои со своето опасно однесување го загрозуваат животот на останатите учесници.

Останува да го следиме одвивањето на процедурите кои се надеваме ќе завршат со преточување на предлогот во закон.

Што се однесува до нашето размислување, би требало да се направи комплетна ревизија на важечката законската регулатива од областа на сообраќајот.

Се додека не се применат драконски казни, на пример времено одземање на возилото со кое се прават тешки прекрошци, ќе бидеме очевидци на опасни ситуации кои само по игра на случајот не завршуваат трагично. За жал не сите учесници во сообраќајот ја имаат таа среќа.

Крајно време е помалку да се ослонуваме врз среќата, а повеќе врз законско дисциплинирање на неодговорните и несовесните учесници во сообраќајот. Иницијативата на ресорниот министер нека биде само позитивен исчекор во тој шравец.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг