СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Преку „Platform Beyond Vehicle“ Kia се обраќа на корисниците на комерцијални EV

 

На 2024 CES, Kia претстави концепт на цела линија на комерцијални возила чие сериско појавување е сосема извесно.

Именувани како PV1, PV5 и PV7, а сите постевени на целосно нова платформа, Platform Beyond Vehicle (PBV), Kia ја прикажува на светот својата визија на возила „до последниот километар“.

Зaмислени како мал ван (PV1), ван со средна големина (PV5) и голем ван (PV7) сите варијанти се способни да се прилагодат кон специфичните кориснички потреби.

Можностите одат до таму да може да послужат и како роботизирани такси возила (robotaxi).

При претставувањето на новото семејство, претседателот и извршен директор на Kia, Хо Сунг Сонг, рече дека линијата PBV ја претставува визијата за надминување на традиционалниот концепт на автомобили преку исполнување на потребите на различни клиенти и заедници.

Притоа нудејќи оптимизирани возила и услуги кои се грижат за потребите на специфични пазарни и деловни потреби.

Со други зборови, она што го гледате овде е нешто различно од просечните електрични кросовери кои како да дебитираат секоја недела.

Покрај тоа, јасно е дека ова е сосема нова бизнис линија на Kia, надвор од обичната понуда на EV автомобили.

Овие возила се наменети да бидат целосно решение за мобилност што ги комбинира електричните возила погодни за секоја намена, со напредни софтверски решенија засновани на сопствениот развој на Hyundai Motor Group.

Тоа јасно дава до знаење дека управувањето со возниот парк преку софистициран софтвер ќе сочинува најважен дел од она што ќе биде понудено.

На 2024 CES (Consumer Electronics Show) кој традиционално се одржува во Лас Вегас, беа прикажани четири варијанти на PV5 (Basic, Van, High Roof и Chasis Cab).

За футуристичкиот дизајн и прилагодливоста говорат самите фотографии, но сепак би повикале да се обрне внимание на архитектурата на решенијата на патничкиот простор.

За очекувано е новата генерација да биде подготвена за „самоуправување“, односно за возење без помош на возачот. Таа можност ја овозможува Level 5 нивото на автономија, факт кој овозможува употреба како Роботакси.

Многу детали сеуште остануваат неоткриени: цената, капацитетот на батериите, тајмингот на појавување на различните модели, но производителот уверува дека широката палета кои го сочинуваат семејството се веќе подготвени за сериско производство.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од EV