СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Дебитантски настап на новата Škoda Octavia кај нас

 

Четвртото издание на популарниот семеен автомобил доаѓа со зголемени димензии, нови мотори и високо ниво на сериска опрема.

Под името Octavia, Škoda има продадено над 6.5 милиони возила, а години наназад на омилениот семеен модел отпаѓа третина од целокупната продукција на Чешкиот производител.

Четвртата генерација има амбиции уште повеќе да ги подобри перформансите. Оптимистичките прогнози своја потпора наоѓаат во вградувањето нови технологии, новиот дизајнерски израз и во веќе стекнатата доверба.

Octavia веќе ги надминува димензиите на класата: вкупната должина од 469 cm и меѓуоскиното растојание од 269 cm се поблизу до модели со средни големина отколку до компактните лимузински претставници. Багажниот простор од 600 литри видно ги надминува капацитетите и на, за класа, поголемите конкуренти.

Во почетната фаза за моторизација се одбрани два бензинци и еден дизел во две различни варијации на излезна силина. Сите одред употребуваат турбо технологија, и располагаат со по 115 (1.0 TSi и 2.0 TDi) односно 150 КС (1.5 TSi и 2.0 TDi).

Силината до предните тркала се пренесува преку 6-степенски мануелен или 7-DCT менувач. Во комбинација со автоматскиот менувач постои и опција за Mild Hybrid технологија која функционира на напон од 48 волти.

Сериската опрема е димензионирана така да може да се оправда почетната цена од 19.700 евра (1.5 ACT). Започнувајќи од систем за детекција и автоматско сопирање при опасност, потоа системите за одржување на коловозна лента, за покривање на слепата точка, адаптивен темпомат, задна камера, … сето тоа доаѓа и во почетното, Ambiotion ниво

Во внатрешноста доминират витуелната инструмент табла и 10-инчниот екран на инфо-забавниот систем. Забележителен е и напредокот во квалитетот на употребените материјали.

Кога се ќе се собере и додаде може слободно да заклучиме дека Octavia и понатаму ќе остане омилено семејно возило кое нуди изобилие простор, голем багажник и секако цела низа Simply Clever решенија.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг