СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

„М Кар“ прослави пет години постоење

 

Компанијата „М Кар“, увозник и дистрибутер на брендовите BMW и MINI за Македонија и Косово го одбележува својот 5-ти роденден, создавајќи успешна приказна на пазарот на премиум автомобили.

Од 2015 година компанијата бележи континуиран раст, при што од затворено дилерство со посветеност и грижа кон корисниците, постепено ја врати довербата и го достигна приматот – број 1 во премиум сегментот во Македонија за 2020 година, пред своите клучни конкуренти Mercedes-Benz и Audi.

Генералниот директор на М Кар, Марко Јовановски по повод јубилејот изјави:

 

Уште во втората година од своето постоење, во 2016 година компанијата M Кар ја освои наградата „BMW Presidents Award“. 

Оваа награда претставува престижното и највисоко признание доделено од групацијата BMW на своите партнери. Истата година моделот BMW X1 беше прогласен за SUV на годината 2016.

Благодарение на силното партнерство со групацијата BMW, M Kaр во своето работење секогаш успева да обезбеди промоција на сите нови модели, веднаш по нивните светски премиери на познатите меѓународни саеми.

Некои од позначајните настани организирани од страна на М Кар во изманитиве 5 години се:

–       „BMW Generation X roadshow 2016г.“ – неколкудневен настан во соработка со групацијата BMW каде посетителите имаа уникатно задоволство да ја тестираат xDrive технологија на најновите модели од BMW X семејството на возбудлива off road рута;

–       „М Car отворени врати 2016 год.“ – каде пошироката јавност имаше можност да се запознае со целото работење на продажниот – сервисен центар како и да ги тестира најновите BMW и MINI модели;

–       „Бизнис Атлет 2017 год.“ – уникатeн вечерен настан во М Кар за промоција на новиот BMW Серија 5 Седан;

–       „Самит 100“ 2017 год. – официјален превозник на бизнис самитот

–       „Дигитален самит за земјите од Западен Балкан 2018“ – официјален превозник на делегациите на самитот.

–       “The Boss is Back” 2018 год.– дневно, премиум искуство за промоција на новиот BMW X5;

–       2019 год. Соработка со музичката легенда Влатко Стефановски, кој креираше афтентично BMW звучно лого за кампања за новиот BMW Серија 3 Седан.

–       Новиот BMW Серија 3 Седан официјален автомобил на „Fashion Weekend 2019 год.“

–        GKL+ 2019 год. – престижна 7 степена гала вечера за промоција на три водечки BMW модели од луксузниот сегмент: првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe, каде специјален гостин на настанот беше Влатко Стефановски.

Едно од останатите достигнувања на М Кар во изминатите години, вредно да се спомне е домаќин на BMW Football Importers Cup во 2019 година кој се одржува за регионот на Африка, Карибите и Источна Европа .

Освен продажниот и сервисен центар за BMW и MINI, компанијата дополнително врши и дипломатска продажба, користени возила по принципот „старо за ново“, а од 2020 година започнува со дистрибуција на комплетно електрични возила од програмата BMW i и MINI Electric.

По повод својата 5 годишнина, во знакот на 5, М Кар промовира акциски понуди за BMW и MINI, како за продажба, така и во постпродажба.

 

 

 

текст & фото: „М Кар“

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг