СЛЕДЕТЕ НЀ

EV

И Ferrari легна на брашното

 

Иако сé уште се противат на електрификацијата, во Ferrari знаат дека ќе мора да понудат електричен модел.

А се знае и кога – терминот го откри привремениот прв човек на компанијата Џон Елкан на годишната конференција, на која со зборовите „Можете да бидете сигурни дека тоа ќе биде она за што сонувате“, тој рече дека тоа ќе се случи во 2025 година

За марка како Ferrari електрификацијата не е задолжителна, но е добра прилика да се приближи кон новите генерации купувачи.

Тие повеќе не веруваат во зборовите дека технологиите на електричниот погон, посебно батериите, не можат да ги задоволат барањата што возачите ги имаат од еден суперавтомобил.

Дека тоа не е сосема точно жив доказ се Rimac и бројните новокомпонирани но и етаблирани автомобилски брендови кои се расфрлаат со електричните перформанси, иако рака на срце, сé уште никој досега не понудил нешто што навистина може да се купи и вози, а не само да се гледа или чита за него.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV