СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

И Јапонија сака да ги забрани возилата со конвенционални мотори

Велика Британија повлече нога – нејзиниот потег да се забрани продажбата на нови возила со мотор со внатрешно согорување наиде на плодно тло ширум светот.

Следејќи го нивното размислување, со слични намери истапија канадските провинции Квебек и Британска Колумбија, а сега и Јапонија.

Според официјално непотврдени новински извештаи, Јапонците од средината на 2030-тите години сакаат дома да продаваат исклучиво хибридни или електрични возила.

Властите наводно се на мислење дека освен заштитата на човековата околина ваквите мерки ќе им овозможат на јапонските производители поголема слобода во користењето на ресурси за истражување и развој на електричните технологии.

Тие пак одбија да го коментираат ова прашање, што е логично со оглед на тоа дека сето ова допрва треба да се официјализира како предлог, што се очекува да се случи набргу.

Според тамошни анализи, се очекува уделот на електрифицирани возила во Јапонија до 2030 година да се искачи до 55% заради фактот што цените на батериите паѓаат побрзо отколку што претходно се предвидуваше.

За разлика од Велика Британија, значењето на забраната за продажба на возилата со конвенционални мотори што би ја вовела Јапонија ќе биде глобално.

Тоа би ги забрзало сличните процеси кои веќе се одвиваат во други големи земји – Кина и Јужна Кореја, на пример, но и во ЕУ како целина од каде наскоро се очекуваат конкретни размислувања.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот