СЛЕДЕТЕ НЀ

EV

Дали знаете дека сé уште можете да го купите оригиналниот Mini?

 

Но и да не знаете нема штета – чини цело богатство.

Користејќи го статусот на божество што во Британија го има, една мала тамошна работилница сé уште го продава оригиналниот Mini.

Тоа што престана да се произведува пред две децении не претставува никаков проблем – напротив, во нивниот случај е предност бидејќи за него бараат цело богатство.

Конкретно, цените на Mini што David Brown Automotive ги бара се шестцифрени – во фунти, се разбира, иако во основа не се работи за новопроизведени туку реставрирани возила, за кои Англичаните го користат терминот restomod.

Но како и да е, факт е дека Mini е оној оригиналниот, но во овој случај за да се оправда енормната цена, со ознака Oselli.

Зад неа се крие тјуниран мотор чија зафатнина му е зголемена на 1,45 литри, а перформансите се кријат како змија нозете.

Серијата е лимитирана, а ние можеме и понатаму да објаснуваме што сé ќе се добие за спомената цена, но тоа едноставно нема смисла, нели?!

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV