СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volkswagen Nivus во Европа ќе стигне како Taigo

 

Новиот градски купе-кросовер кој Volkswagen во Латинска Америка го продава како Nivus, во Европа ќе стигне под името Taigo.

Покажан лани, овој мал кросовер кој веќе се докажа на пазарите во Бразил и околните земји својата премиера во Европа ќе ја има летово.

Освен името, разлики меѓу Nivus и Taigo ќе има и во моторите бидејќи Volkswagen таму го продава со 1,0 литарски bi-fuel мотор со 126 KS кога како погонско гориво троши етанол, односно 114 KS ако работи на бензин.

Европската гама не е соопштена, но скоро сигурно е дека ќе биде позајмена од сличните по големина модели – T-Cross, Polo и T-Roc.

Дизели, хибриди и погон на сите тркала не треба да се очекуваат, а дискутабилни се и DSG менувачите.

Првите скици што ги објави Volkswagen укажуваат на само мали разлики меѓу Nivus и Taigo на надворешноста, додека внатрешноста би требало да биде пософистицирана, а опременоста побогата, посебно со трендовски технолошки решенија и безбедносни асистенти.

Производството на Taigo ќе се одвива во шпанската фабрика на Volkswagen, а првите испораки на европските купувачи треба да се очекуваат на почетокот на идната 2022 година.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV