СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Дали знаете дека полицијата сега може да ви го одземе возилото?

 

На 24 декември сега веќе минатата 2020 година стапија на сила измените на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за кои јавноста многу малку знае.

Донесени една седмица пред тоа, во нив на 41 страница се менуваат 219 од вкупно 414-те члена колку што содржи законот, значи секој втори.

Измените во огромна мерка се однесуваат за висината на казните кои генерално се намалуваат, со укинување на нивна замена со негативни бодови.

Некои казни пак се зголемуваат а има и некои измени кои ќе изненадат многумина, како што е можност за одземање на возилото од страна на полицијата.

Тоа ќе се случи ако полицискиот службеник го исклучи од сообраќај возилото заради утврдување на неговата техничка исправност, но не подолго од три работни дена.

Ако пак се покаже дека возилото има техничка неисправност која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога тоа не е регистрирано повеќе од шест месеци, се одзема на 90 дена.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг