СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Градските паркинзи со летно работно време

 

Јавното претпријатие Градски паркинг од Скопје започна со примена на летното работно време на паркинг-просторот со кој стопанисува.

Возачите кои ги користат услугите на ова претпријатие треба да внимаваат бидејќи до почетокот на октомври паркирањето на нив ќе се наплаќа подолго.

Ако досега тоа се правеше од понеделник до петок од 7 до 21 часот и во сабота  до 14 часот, сега паркирањето ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

Цените за паркирањето не се менуваат, а неплатеното паркирање ќе ве чини 990 денари.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг