СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Вчера беше трет, денес втор

Уште пред да заврши годината Елон Маск ја круниса како најуспешна во неговата кариера – стана вториот најбогат човек на планетата.

Како веќе напишавме пред некој ден, основачот на Tesla, SpaceX, PayPal и уште неколку други ултрауспешни компании благодарејќи на порастот на акциите на калифорнискиот производител на електрични возила драстично го зголеми своето богатство.

Тоа непрестано расте и во моментов тој го помина Бил Гејтс и стана вториот најбогат човек на планетата, со вкупен имот во вредност од 128 милијарди долари.

Иако голема сама по себе, оваа бројка звучи уште поголема ако се знае дека во јануари, на почетокот на 2020 година, тој „тежеше“ повеќе од  сто милијарди долари помалку.

49-годишниот Маск е роден во Јужна Африка, има тамошно и канадско државјанство, а американското го доби во 2002 година.

Студираше на кралскиот универзитет во Кингстон, Онтарио, каде не дипломира, за потоа да се стекне две дипломи на универзитетот во Пенсилванија.

Во моментов не е оженет, а има шест деца. Како директор на Tesla добива законски минимална плата, која не ја ни подигнува од сметката на компанијата.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо