СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Владата пресече – горивата поскапуваат за 3,5 денари

 

Од први јули горивата ќе поскапат за 3,5 денари, така одлучи владата на нашата земја утврдувајќи го така Предлог-законот за измена на законот за животна средина со кој се предвидува воведување на нова еколошка такса.

Веќе и службено: од први јули владата воведува еколошка такса од 3,5 денари за горивата, со која се опфатени сите деривати заедно со мазутот и екстра лесното масло.

Правдањата за новото поскапаување звучат прилично убедливо: загадувачот плаќа повеќе. Но, ќе ве молиме, кој е тука итар, а кој би требало да изигрува малоуемен консумент на итроманските одлуки?

Од авион се гледа (патем и керозинот е поскапен) дека треба да се пополнува буџетскатата дупка.

Зошто е таа направена, на што се потрошени парите и колку на тоа влијаеше пандемијата, се прашања кои бараат сериозна економска експертиза.

Знаеме дека во овие година ипол сите сектори пружија рака, а приливте се преполовија. Цената сега колективно ќе ја плаќаме.

На крајот можеби и ќе го ислушаме објаснувањето дека примарната улога и е доделена на екологијата, но ќе ги замолиме владините служби, без навреди на елементрната логика.

Ако некој во владата барем малку размислуваше „зелено“ немаше сеуште да се увезуваат користени возила кои само на хартија исполнуваат некакви еколошки норми. Велиме, „само на хартија“ затоа што никој во оваа држава не ги проверува издувните гасови на увезените возила.

Тие исполнувале некакви Euro норми кога биле нови, а по интензивна експлоатација, што останало од нивните системи за филтрирање на издувните гасови (ако веќе не се извадени) само севишниот може да претпостави. За такви ситници институциите воопшто не се заинтересирани.

Сеуште се свежи фактите од неодамна откриената (и заташкана) афера за квалитетот на мазутот употребуван за греење.

Ужас невиден, всушност класичен екоцид одигран пред нашите очи (и директно во нашите дишни органи) аминувана со вртење глава на друга страна од надлежните институции.

Ако повторно чепнете во оваа афера, очекувајте лавина од владини медиумски платеници да го истурат својот бес врз вашите сомнежи.

И сега наеднаш, „еколошка такса“. Аферим, алал вера на тој што се сети дека некој загадува во земјава. Живо ме интересира на што ќе биде потрошен екстра приходот од 3,5 денари по секој продаден литар?

Ако е тоа на контрола на загадувачите, потоа на вградување на филтри или пак на додатна контрола на издувот на возилата, па да рабереме. Или можеби не ни кажуваат, па собраните средства ќе ги искористат за стимулирање на купувањето нови, еколошко прифатливи возила.

Ова последново некако најлогично ми звучи, но кој вели дека заедничките пари треба да се трошат логично! Важно влегуваме во редот на напредните земји кои имаат „еколошка такса“, а и буџетот ќе ни биде пристојно надополнет.

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг