СЛЕДЕТЕ НЀ

Интересно

Ако е скапо, нека биде колку треба!

 

Ќеиф цена нема, посебно ако сте некој шеик од Кувајт, Емиратите или Катар, сé едно.

Еден таков е и сопственикот на овој Lamborghini Aventador, кој освен многу пари за автомобилот има издвоено уште многу, многу повеќе за регистарската табличка.

Lamborghini Aventador не треба посебно да ви го претставуваме – доволно е да споменеме дека овој примерок е од SVJ Roadster верзијата има 6,5 литарски V12 кој произведува 770 KS и 720 Nm.

Сите тие, без исклучок, преку седумстепениот автоматски менувач се испраќаат на четирите тркала кои до стотка ќе се свртат за само 2,9 секунди, а со доволно инает и до максималните 350 km/h.

Сепак тука не е битен само автомобилот туку целиот пакет, вклучувајќи ги неговата персонализирана бисерно бела нијанса, покривот од карбонски влакна, црните тркала, виолетовите акценти на надворешноста…

Но она што најмногу е вредно, според информациите во кои е многу тешко да се поверува ама кои многу лесно можат да бидат вистинити, е регистарската табличка.

Издадена е во Катар, ја има ознаката 123 и наводно на лицитација организирана од страна на државата е продадена за цели 10 милиони евра!

Веста ќе ја заокружиме со податокот дека редовната цена на Lamborghini Aventador SVJ Roadster, кој е направен во 800 примероци, во Европа изнесува „само“ 387.000 евра.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно