Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама. Откако во мај го претстави Mix, својот прв електричен MPV, конечно сега го подготви за пазарен настап.
Zeekr Mix е придвижуван од електричен мотор поставен на задната оска кој испорачува максимална моќност од 310 kW (422 КС).
Тоа на семејниот миниван му овозможува забрзувување од 0 до 100 km/h за 6,8 секунди.
Стандардната LFP батерија од 76 kWh обезбедува досег до 550 km. Потоа може да се наполни од 10% до 80% за само 10,5 минути.
Достапна е и поголема опција на NMC батерија од 102 kWh, која нуди продолжен досег од 700 km. Се разбира, ова се мерења според кинската CLTC процедура, и како такви, тие мерено според WLTP стандардите би биле намалени за околу 20%.
Димензиите од 4.668 mm во должина, 1.995 mm во широчина и 1.775 mm во висина, како и меѓуоскиното растојание од 3.008 mm, на Mix му овоможуваат и повеќе од раскошна просторна понуда.
Неговите предни тркала можат да се вртат повеќе од 50 степени, што резултира со импресивен радиус на вртење од 4,95 m.
Изграден на модуларната SEA-M архитектура на Geely, Zeekr Mix нуди рекордна искористеност на внатрешниот простор од 93%. Само поради споредба, просечен SUV има стапка на искористеност под 70%.
Со две лизгачки врати на совозачката, и една на возачката страна, Zeekr Mix воведува уникатно решение за пристап на патниците. Овој неконвенционален дизајн создава широк влез од 1.480 mm, што го олеснува влезот и излезот на патниците од возилото.
Во внатрешноста, Mix удобно сместува пет патници, со предни седишта кои можат да роатираат за 270 степени овоможувајќи така дополнителна прилагодливост. Кабината нуди доволно простор за главата со висина од 1.350 mm и висина на подот од само 390 mm.
Zeekr, исто така, има вградено неколку иновативни функции за да го подобри искуството на патниците. Подвижен средишен тунел со вградена маса и фрижидер додава мала доза на луксуз и голема практичност.
Mix нуди девет различни конфигурации за седење, овозможувајќи им на сопствениците да го прилагодат просторот според нивните потреби. Седиштата може дури и да се склопат за да се создаде кревет, што го прави Mix идеален за патувања и авантури.
Голем ротирачки екран, со рачно прилагодлив агол, доминира на централната конзола, надополнет со помала LCD група инструменти зад управувачот. Главниот дисплеј, со усовршен степен на реалност, му ги обезбедува на возачот основните информации.
Дополнително, Mix има напреден систем за вештачка интелигенција кој им овозможува на патниците да контролираат различни функции на автомобилот преку гласовни команди од секоја седечка позиција во кабината.
Опремен со LiDAR систем, Mix го поддржува автономно возење на автопат и низ урбани средини. Подобрениот систем за автономно паркирање дополнително го поедноставува искуството зад воланот.
За нештата да бидат поедноставни, Zeekr одлучи да го понуди Mix во едно, сеопфатно ниво на опрема. Клиентите можат да изберат од пет бои на надворешноста, две внатрешни нијанси и три различни варијанти на тркала.
Верзијата на батерија од 76 kWh чини 279.900 јени (35.400 евра), а верзијата од 102 kWh чини 299.900 јени (нешто повеќе од 37.900 евра).