СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Xiaomi ќе произведува електрични возила

 

Поточно, нив во договор со телекомуникацискиот гигант треба да ги произведува Great Wall, но од таму одбија да потврдат, демантираат или коментираат ваква вест.

Xiaomi сепак излезе со свој став дека во наредната декада ќе инвестира дури 10 милијарди долари во развој производство и продажба на електрични возила, притоа вешто избегнувајќи да каже кој ќе му биде партнер.

Место тоа се концентрираа на образложување на идејата дека нивните електрични возила ќе бидат паметни, за што за почеток веќе се одвоени 1,5 милијарди долари.

За таа цел ќе биде основана компанија чиј единствен сопственик ќе биде само Xiaomi, а нејзин прв човек сегашниот извршен директор Леи Јун.

Great Wall никаде не се споменува, но треба да бидат луди да испуштат ваква прилика, посебно што на полето на електричните возила Baidu веќе најави партнерство со Geely, а Huawei со Changan.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот