Електричниот кросовер станува петтиот Volkswagen кој ја освоил престижната титула, бидејќи во финалниот избор ID.4 собра повеќе гласови од Honda-е и Toyota Yaris и се здоби со врвното признание.
Volkswagen очигледно беше задоволен од резултатите. Томас Улбрих, член на управниот одбор за развој на брендот Volkswagen, по тој повод истакна: „Наградата за светски автомобил на годината претставува голем успех за целата наша ID. екипа“.
Потоа тој додаде: „Ние успеавме да развиеме автомобил што ја започнува системската промена на електричната мобилност и тоа во класата на компактни SUV возила која е еден од најважните сегменти во светот“.
Volkswagen ID.4
Во останатие категории, Mercedes S-Class беше прогласен за светски луксузен автомобил за 2021 година. Овој избор беше очекуван затоа што луксузниот седан беше убедлив пред Land Rover Defender и Polestar 2.
Mercedes-Benz S-Class
Титулата, светски перформансен автомобил за 2021 година ја доби Porsche 911 Turbo. Изборот не претставуваше некој шок, но интересно е да се напомене фактот што Toyota GR Yaris беше еден од финалистите и тоа во друштво на Audi RS Q8.
Honda-e
Говорејќи за Yaris, иако конкурираше во три категории не успеa да се окити ниту во една. Honda-е e прогласена за Светски урбан автомобил во 2021 година. Покрај тоа, Honda Fit/Jazz ја доби и титулата за Електричен хечбек, и тоа повторно пред моделеот на Toyota.
На крајот, Land Rover Defender ја освои наградата за Светскиот дизајн на годината. Тој го доби признанието пред Honda-e и Mazda MX-30, и тешко е да се приговори за резултатот бидејќи моделот го доловува духот на неговиот претходник истовремено изразувајќи навистина модерен стил.