
Редизајнираниот Volvo XC90 доаѓа со електрифицирани погони со силина од 250 и 455 КС, додека целосно електричниот EX90 го придвижуваат два електромотори со 408 односно со 516 КС.
Volvo цврсто чекори кон 2030 година, датум за кој е закажан преминот кон целосно електрични погони.
Во следниве пет години ќе бидеме сведоци на прелевање на моторизацијата од електрифицирани бензинци кон чисто електрични мотори.
Очигледно, кај светскиот премиум бренд, пет години пред истекот на регулаторниот рок, електромоторите ќе не возат во правец на еколошката иднина.
Сигурно приметувате: дизелите веќе не се во игра, започнувајќи од редизајнираната верзија на Volvo XC90 тие одат во заслужена пензија. Како најистакнат модел на Volvo, XC90 е јасен показател на тенденциите.
Кинеските сопственици на шведскиот бренд, во ниту една прилика нема да пропуштат да ги истакнат традиционалната безбедност и конективноста на моделот. А XC90 е предводник на целата гама.
Без дилеми, и двата модели: XC90 и EX90, претставуваат напредок во Volvo-стратегијата за електрификација и безбедност, нудејќи луксуз, просторност и напредна технологија за современите семејства.
>>Volvo XC90
Volvo го освежи својот популарен SUV, XC90 за 2025 моделската година, задржувајќи ја својата позиција како премиум семеен SUV со 7 седишта. Дизајнот е осовремен со нова хромирана решетка на ладилникот и ажурирани LED светла на предната и задната страна.
Ентериерот добива 12,3 инчен дисплеј со инструменти, хедап екран во боја како и нов 11,2 инчен екран со Android и Apple CarPlay интеграција.
Премиум чуството на возење е поддржано од новата суспензија со FSD (Freqyency Selective Damping) технологија на амортизери.
Воздушна суспензија со активно подвозје на сите четири тркала дополнително го подобрува комфорот, истовремено активно нивелирајќи ја висината на возење во зависност од брзината.
Под хаубата, XC90 нуди две хибридни опции: B5 со 250 КС и T8 со 455 КС, комбинирајќи бензински мотор и електричен погон. T8 верзијата, само на електричен погон, има досег до 32 km.
Инфозабавниот систем е значително подобрен, а внатрешноста изработена од обновливи материјали, што го прави XC90 уште попривлечен за еколошки настроените купувачи.
Цените на XC90 се движат во распон од 78.990 до 91.490 евра.
>>Volvo EX90
EX90 е новиот електричен SUV на Volvo, кој ја претставува иднината на брендот, изградена врз својата целосна електрична (SPA 2) модуларна платформа.
Електричниот SUV со седум седишта е дизајниран со акцент на безбедност и нови технологии, вклучувајќи напреден Lidar систем за подобрена безбедност и Android-базиран инфозабавен систем.
Ентериерот е луксузен и еколошки одржлив, со звучен систем развиен во соработка со Abbey Road Studios, кој вклучува 32 звучници и специјален “Abbey Road” режим.
Пред возачот е поставен инфо-екран со дијагонала од 9 инчи, а на централната конзола на услуга е голем, 13,2 проекциски дисплеј кој ги поддржува и двата најупотребувани конекции.
EX90 се движи со двојни електрични мотори, со вкупна моќност од 408 или 516 КС. Батеријата од 111 kWh овозможува автономија до 614 km.
Елктриката се базира на 400-волтна архитектура и користи последна генерација од литиум-јонски батерии, додека брзото полнење поддржува инфраструктура до 250 kW.
Тоа во пракса би значело дека од 10 до 80% батеријата може да се наполни за околу половина час.
Системот за инфозабава е заснован на Android, а автомобилот е опремен со сите напредни системи за асистенција на возачот.
Цените на EX90 се движат помеѓу 92.137 и 102.089 евра.

Интересно
-
Анализи
/ пред 1 денДали сме подготвени за електрификација, и зошто не?
Светските трендови се јасни: построгите норми за издувни гасови недвосмислено водат кон електрификација...
Од Autoinfo.mk -
Тестови
/ пред 3 денаVolvo XC90 T8 Ultra Dark: Амбасадорска генетика
Редизајнираниот знаменосец на Volvo го красат шведска елеганција и најсовремена хибридна технологија. Го возевме...
Од Autoinfo.mk -
Во светот
/ пред 2 неделиAUDI E5 Sportback: Електричен луксуз и перформанси за кинескиот пазар
Audi беше првиот премиум европски бренд што влезе на кинескиот пазар, уште во 1988...
Од Autoinfo.mk