Cyan Racing, спортскиот одел на Geely, ja преработи натпреварувачката икона Volvo P1800 од шеесетите. Резултатот изразен во бројки изнесува: максимални 420 КС и тежина од само 990 kg.
Веднаш да кажеме Volvo P1800 by Cyan е автомобил кој нормално може да циркулира по патишта.
Тоа што нема никакви асистенции за возење а има заштитен ролбар изработен од титаниум, говори доволно. Како за очекуваната цена така и за карактерот.
За разлика од овенчаниот оригинал, P1800 by Cyan го движи турбо мотор од два литра кој ослободува 420 КС.
Без многу нагаѓања, идентичен мотор подготвен од Cyan го придвижуваше Volvo S60 TC1 и го донесе до шест титули во WTCC шампионатот.
Ако го проверувате овој податок ќе ви се појави суб-брендот Link @ Co, што едно те исто – сите тие се под капата на кинескиот технолошки гигант, Geely.
Сепак освен автентичниот облик, најголемо внимание предизвикуваат механичките детали. Моторот кој веќе го споменавме, вртежниот момент (455 Nm) го пренесува на задната оска, и тоа преку 5-степенски мануелен менувач.
Оваа комбинација освен што дава одлични динамички резултати, неодоливо потсетува на оригиналот. Истото не може да се каже за задната оска (ја испорачува специјалистот Holinger) која за разлика од оригиналот, сега е мултилинк со потпирање кое може да се подесува по сите параметри.
Дистрибуцијата на силината на задните тркала, оди преку диференцијал со ограничено пролизгување, кое е дело на експертите од Cyan, додека големите 18-цолни тркала се обуени во Pirelli P Zero пневматици.
Како што и приличи на вредни спортисти, каросериските панели се изработени од лесни јаглеродни влакна, а неамортизираните маси се излиени од алуминум.
Резултатот е видлив на вага – вкупната тежина е задржана под еден тон (990 kg) податок кој ветува извонредни перформанси. Поради малиот број на единици што ќе бидат проеизведени, цената воопшто не е ветувачка – околу половина милион европски банкноти!