СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Volvo EX30 понуден на домашниот пазар

 

Најмалиот електричен SUV на Volvo се нуди со два типа батерии, три пакети на опрема и со можност за погон на задната или на двете оски. Од перформансите боли глава!

Првиот впечаток по претставувањето на Volvo EX30 е дека се соочувате со најсовремено парче технологија.

Ексклузивецот на шведскиот производител ветува многу – има изглед, има перформанси, има квалитет.

По EX90 кој беше прв, а воедно и наголем член на новото електрично EX-семејство, пристигнува EX30 кој би требало да биде столб во продажбата на електрични возила на Volvo.

Првичните продажни резултати на европските пазари се и повеќе од охрабрувачки. Да погледнеме на што се должи одличниот старт на субкомпактниот SUV/кросовер на Volvo.

На прво место е конзистентноста на вградување премиум квалитет и технологијата која ја сретнуваме и во досега најмалиот модел (должина, 423 cm) на брендот.

Влезната понуда користи еден погонски електромотор од 200 kW (272 КС) поставен на задната оска. Сетот од LFP (литиум-железо-фосфат) батерии е со максимален капацитет од 51 kWh и овозможува автономија 337 км.

Говорејќи за перформансите стигниваме до бројка од само 5,7 секунди потребни за забрзување до првата стотка.

Со идентичниот мотор, но со целосно нови NMC (литиум-никел-манган-кобалт) батерии со капацитет од 69 kWh забрзувањето е уште подобро, само 5,3 секунди.

Објаснувањето за подобрените перформанси лежи токму во типот на батерии кои овозможуваат побрзо ослободување на енергијата. Радиусот на движење, на вака конципираната варијанта, изнесува 475 километри (според WLTP).

Потрошувачката при градски услови на возње се намалува на 12,6 kWh/100 km што значи дека автономијата се зголемува на поприличните 590 километри.

Врвот на понудата го сочина верзијата со два мотори со што се обезбедува погон на сите четири тркала.

Најмускулестиот Volvo EX30 од двата електромотори извлекува 428 КС доволни да го катапултираат до 100 km/h за 3,6 секунди. Во аналите ќе биде запишано дека тоа е Volvo со најдоброто забрзување во историјата на брендот.

Кoга веќе сме кај перформансите да потсетиме дека и EX30, исто како и секое друго Volvo, поседува лимитатор на максималната брзина кој е поставен на 180 км/ч.

Volvo EX30 е поставен на меѓуоскино растојание од 265 цм. Максимланата должина на најмалиот SUV на Volvo изнесува 423 цм додека широчината 184 цм. Интересни се тоа пропорции кои ги рушат досегашните вообичаени стандарди.

За димензионираноста на опремата баш и не мора премногу да се објаснува. Сите системи својствени за швеѓаните ќе ги најдете и во најновиот продукт.

Опремата е поделена на три пакети, но убавината се состои во широките можности за персонализација.

На крај и за цената: Volvo EX30 на нашиот пазар се нуди со почетна цена од 36К евра, а за врвниот модел треба да се издвојат нешто над 50К евра.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг