СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Volvo Cars Macedonia се всели во нов салон

Една година по преземањето на претставништвото на Volvo автомобилите на домашниот пазар, шведскиот производител конечно доби свој нов дом. Во пригодна и свечена атмосфера официјално беше отворен новиот салон на Volvo Cars Macedonia.

Салонот изграден според највисоките Volvo Retail Experience стандарди претставува симбол за нов, свеж почеток на брендот Volvo во Македонија.

Освен што е салон за автомобили, замислен е како еден дел од Шведската култура во нашата земја, во кој може да се почувствува, допре и вистински да се доживеете шведскиот бренд и да се стекне единствено искуство.

Покрај новите простории, бројните гости имаа можност одблиску да се запознаат со  автомобилите кои се дел од понудата на Volvo.

Еден од нив беше и најновиот модел V60 во Cross Country изведба, а него го придружуваа V90 CC и комплетната XC гама.

На пригодната свеченост свое обраќање имаа директорот на продажба, Деан Јадровски и Даниел Тројак – менаџер на продажба за Адриа регион.

„Да се претставува Volvo како бренд претставува огромно задоволство, но истовремено е огромен предизвик и обврска. Токму за да одговориме на ваквиот предизвик, ја направивме оваа инвестиција која претставува клучен чекор напред за позиционирањето на Volvo како бренд на нашиот пазарт и фаќање на чекор со најновите светски стандарди за продажба на возилата од премиум брендовите.

Како групација сме горди што додаваме бренд како Volvo во нашето портфолио и сигурни сме дека растот кој Volvo го има во светски рамки изминативе години, ќе го пресликаме и на домашниот пазар.

Веруваме дека преку новиот Volvo центар кој го изградивме, многу подобро ќе се запознаете со брендот и практично ќе го доживеете и почуствувате значењето на Volvo.

Новиот салон ги исполнува највисоките стандарди на Volvo Cars, тимот кој го води Volvo во нашата земја е висококвалификуван и искусен и веруваме дека сето ова ќе произведе одлични резултати.

Се надевам дека со сите вас од утре повторно ќе се видиме во нашиот салон како би станале горди сопственици на најдобриот автомобилски бренд во светот – Volvo“, истакна Јадровски.

Со овој потег, Премиум АГС го поставува Volvo на цврсти нозе во нашата држава. Покрај просториите за продажба на нови возила, во склоп на центарот се наоѓа и сервисниот дел, кој е опремен за исполнување на најновите технолошки процедури на Volvo.

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг