СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volvo разви нов систем за рано предупредување од опасност

 

Во интензивната потрага по системи кои би го подигнале постоечкото ниво на безбедност, Volvo прикажа систем кој функционира преку рано предупредување од опасни ситуации.

Беше 2007 година, кога на делница затворена за сообраќај, во близина на Софија, од страна на General Motors беше претставен системот Car2Car. Развојот на тој комплексен систем беше подржан од најголемиот број производители, а се однесуваше на комуникација помеѓу возилата во случај на опасност.

Накратко, во случај на незгода или дефект на непрегледен дел од патот (свиок, мост, тунел, …) сопреното возило преку меѓусебна комуникација која се одвива преку постоечките предаватели и репетитори на мобилната телефонија ги известува учесниците во сообраќајот кои наидуваат, за постоење на конкретна, потенцијално опасна ситуација.

Покрај ова, системот Car2Car имаше и други компоненти како што се странично наидување на возило со автоматско сопирање, индикатор за правецот од кој наидува возило со приоритет, како и детектирање на возило во мртов агол.

Овој заеднички развиван систем потоа се преточи во конкретни технички решенија на поединечните производители, видно подобрувајќи ја активната безбедност на возилата.

Volvo, каков што го познаваме, сите овие системи веќе ги има имплементирано во своите модели. Последниот е систем за рано предупредување од опасност. Во суштина станува збор за сопрено возило на коловозна лента кое претставува потенцијална опасност за наидувачките возила кои наидуваат од разни правци кон сопреното возило.

Во таков случај наидувачките возила добиваат прецизна позиција на возилото кое им е испречено на патот, овозможувајќи им така навремено сопирање и избегнување на евентуалната несреќа.

Јасно, денешното ниво на комуникациска технологија овозможува благовремена комуникација помеѓу учесниците во сообраќајот со што значајно се подобрува нивото на безбедност.

Системот се активира штом возачот го вклучи Hazard Light Alert сигналот, по кој веднаш се активира позицијата на возилото и преку базата на податоци поставена на „облак“, веднаш се информираат останатите возачи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV