СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Volvo со нов продажен рекорд, испорачани над 700 илјади возила

Во 2019 година, Volvo Cars го прослави својот шести последователен продажен рекорд, за прв пат во својата историја на пазарот пласира над 700.000 возила.

Volvo XC40

Во однос на 2018 година ланската продажба на шведскиот производител забележa пораст од 9.8 проценти. Тоа значи дека на пазарот се пласирани точно 705.452 возила, бројка која никогаш до сега не е достигната.

Овој резултат е уште повреден ако се знае дека на големите пазари како што се Кина, САД и Европа вкупната продажба на возила бележи стагнација.

Заслугите во постигнувањето на рекордни бројки одат на адреса на трите SUV преставници на брендот кои бележат постојан пораст на побарувачката.

Не треба да се занемари и фактот кој говори за голeмата побарувачка на електрифицирани возила – севкупно гледано во 2019 година Volvo Cars има пласирано 45.933 хибридни plag-in модели.

Volvo XC 60

“Многу сум среќен што по прв пат во историјата продадовме над 700 илјади возила, при што го зголемивме нашиот пазарен удел во сите наши големи продажни региони“, изјави извршниот директор, Хакан Самуелсон.

“Наша цел е да го продолжиме позитивниот тренд во 2020 година во која започнуваме со воведување на возила кои се полнат, од линијата Volvo Recharge“.

Во Adria регионот (во кој припаѓаме и ние) Volvo Cars во 2019 година испорача 1.536 возила со што оствари пораст од 22.4 проценти.

Од 2015 година во овој регион, компанијата бележи просечен годишен пораст од 33%.

XC60 SUV и понатаму останува најпродаван модел во светот, а по него следат XC40 и XC90, додека лимузинските и караванските изведби го надоградуваат тој успех правејќи одлични резултати првенствено во Кина и Европа.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо