СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Volkswagen Tiguan: ново лице и плагин хибрид

 

Пред појавувањето на Golf 8 изненади веста дека Tiguan стана најпродаван Volkswagen, но сега не изненадува тоа што тој заличи на него.

Иако годините добро му стојат, на Volkswagen Tiguan сепак му требаше редизајн бидејќи во оваа втора генерација се појави во 2016 година. Германците велат дека е темелно обновен, притоа веројатно мислејќи дека сега е усогласен со дизајнерските насоки што ги постави Golf 8.

Рецептот препишан од него јасно е видлив на предниот дел, но назад ќе се забележи дури откако ќе се вклучат светлата. Таму се среќава и трендовски централно поставената ознака на моделот и толку – тоа е сé однадвор.

Одвнатре веднаш ќе се забележи потполно новиот управувач со осветлени функциски копчиња. Нов е и инфо-забавниот систем со проширени можности за поврзување, а дигиталниот кокпит е од 10.25 инчи. Приказната го заокружува амбиенталното осветлување.

Што се однесува до опременоста, купувачите на Tiguan ќе профитираат во секој поглед. Од сé ново најинтересни се Travel Assist системот со делумно автономно возење и Harman Kardon премиум аудио озвучувањето со 480 W. Другото е вообичаено.

Volkswagen испадна скржав за информациите за моторната понуда, во која нови се плаг-ин хибридот од Golf GTE со с 245 KS и перформансната R-изведба со 320 KS.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот