СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Volkswagen ID.4 без маска

 

Кинезите го испреварија Volkswagen – го прикажаа серискиот ID.4 предвреме

Освен електричниот хечбек ID.3, Volkswagen во септември минатата година на салонот на автомобили во Франкфурт изложи и претсериски примерок на својот иден електричен кросовер, обложен со дебела камуфлажа.

После тоа го покажаа и во Кина, исто така камуфлиран, со намера конечниот модел под називот ID.4 премиерно да го претстават на салонот на автомобилите во Њујорк во април. Но тој најпрво се одложи за после тоа и дефинитивно откаже, со што премиерата на ID.4 остана без конечен датум.

И додека Германците се мислеа кога е најдобар момент да го претстават, кинеските авторитети ги објавија документите поднесени за негова хомологација во која се вклучени фотографиите и основните технички податоци за идниот модел.

Така ID.4 осамна предвреме, заедно со информациите дека ќе има две верзии – регуларна со погон само на задните тркала и Cross чии два електромотора со 302 коњски сили ќе му дадат теренски способности.

Поставен е на електричната MEB платформа со распоред на тежината 48:52 напред/назад, а литиум-јонските батерии од 83 kWh ќе му обезбедат автономија од 500 km. За заштеда на нивниот капацитет максималната брзина најверојатно ќе биде ограничена на 180 km/h.

За разлика од ID.3 овој модел е планиран да биде глобален и да се произведува во Европа, Кина и САД. Треба да биде понуден и во купе-SUV изведба, веројатно како ID.5.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот