СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Volkswagen се откажа од изградбата на фабриката во Турција

 

Ништо од плановите: откако лани ја одложи реализацијата на плановите за изградба на фабрика во Турција, Volkswagen сега дефинитивно се откажа од таа идеја.

Volkswagen се откажа од изградбата на фабриката во Турција. Но, ако претходната причина беше интернационалната криза во Сирија и турското учество во неа, сета тоа е пандемијата.

Според логиката на Германците, отворањето на уште една фабрика само ќе го зголеми вишокот производствени капацитети предизвикан од опаѓањето на побарувачката за нови автомобили.

Турците сепак сé уште се надеваат велејќи дека ова не е конечно, односно дека се работи за уште едно одложување на донесувањето на финалната одлука да се започне со изградба на фабриката.

Volkswagen долго ја бираше локацијата за својата фабрика во регионов. Најмногу се надеваа Србија и Бугарија, но на крај одлуката падна на Турција. Беше планирано да се вработат 4.000 луѓе и да има капацитет за производство на 300.000 автомобили годишно.

Во неа требаше да се инвестираат 1,3 милијарди евра и да се произведуваат VW Passat и Škoda Superb, почнувајќи од 2022 година.

Оваа фабрика требаше да биде 133-та на групата Volkswagen низ целиот свет.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот