СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Toyota GR GT3 Concept: Комерцијализација на мотоспортот

 

Toyota Gazoo Racing (TGR) силно е посветена за развивање на мотоспорт активностите на своите клиенти.

Во GT3 категоријата важат стриктни правила. Тркачките возила мора да бидат хомологирани врз база на големосериски модели.

Големите производители гледаат на овие возила како одлична промоција на сопствените технолошки капацитети.

Погледната од страна на консументите, GT3 возилата се највисокото ниво кое се граничи со болидите наменети само за професионалци.

Кон крајот на годинава, поточно на ноемврискиот саем во Токио, Gazoo Racing како суб-бренд на Toyota, ќе го претстави GR GT3 Concept кој барем засега не се знае врз кој сериски модел ќе се потпира.

Можеби тоа ќе биде идната Supra, или пак Toyota слично како и претходно Honda, ќе одлучи да се натпреварува во категоријата на прототипови.

За GR GT3 Concept се знае само дека ќе има мотор во предниот дел, што лесно може да се заклучи од долгиот нос на возилото.

Додека технологијата останува непозната, ако судиме според оскудните фотографии, естетиката е врвна комбинација на сериски спортист кој лесно може да се трансформира во компетентна направа за тркачки патеки.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот