СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Toyota руши рекорди во Европа

 

Дека може да се биде успешен и со минус во бројките сведочи веста од Toyota во која се споменуваат европски рекорди.

Во објавените податоци за продажбата во Европа Toyota наведува дека лани под своите и ознаките на Lexus има продадено 993.113 возила, што е 9 отсто помалку од 2019-тата.

Но бидејќи вкупната европска продажба се има намалено за дваесетина отсто, јапонскиот производител забележа зголемување на учеството на пазарот за 0,7 отсто, на рекордни 6,0%.

Клучен елемент кој влијаеше на постигнување на овие бројки беше континуирано силната побарувачка за хибридните возила кои ја искачија Toyota на трето место меѓу најпродаваните марки.

За нив се определија 529.054 купувачи, што е 53 отсто од вкупната продажба на компанијата, при што овој процент во западноевропските земји се искачува на 65%.

Најдобро продавани модели беа Corolla, Yaris и RAV4 кои заедно зафатија 58% од вкупната продажба. Toyota и Lexus во 2020-тата во Европа лансираа девет нови модели.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот