Јапонскиот производител отвори нов фронт во битката за поголемо искористување на водородот како погонско гориво.
Се работи за трицилиндричен турбо мотор со внатрешно согорување со зафатнина од 1,6 литри базиран на агрегатот на GR Yaris.
Принципот на работа му е сличен на бензинскиот, со главна разлика што како погонско гориво се користи водород.
Развојот на овој мотор е дел од концептот на Toyota за намалување на емисиите на стакленичките гасови и постигнување на карбон-неутрална мобилност.
Во соопштението на Toyota се наведува дека освен занемарливата потрошувачка на моторно масло, тој нема да емитира никакви стакленички гасови.
Освен тоа, бидејќи водородот согорува побрзо отколку бензинот, овој мотор ќе придонесе и за подобра динамика на возењето.
За да нема забуни, овој мотор на водород нема ништо заедничко со технологијата на горвните ќелии кои во суштина произведуваат електрична енергија потребна за напојување на електромоторите. Поточно, заедничко им е само потребата за водород.
Toyota ќе започне да го тестира овој мотор вграден во Corolla во мај на една локална трка на издржливост во префектурата Шизуока.
Јапонската влада при крајот на минатата година одобри план за намалување на емисиите на стакленички гасови, во кој меѓу другото се поставува цел за постапно престанување на производството на бензинските и дизелски возила до средината на 2030-тите години.
Според јапонската влада, таа развојна стратегија би требала да го поттикне стопанството и да создаде економски ефект од готово 900 милијарди долара до 2030-тата и повеќе од 1,8 билиони во наредните 20 години.