СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Tesla ќе плати 1,5 милиони долари заради софтверски баг

 

Сите што работиме со компјутери знаеме какви маки можат да ни предизвикаат апдејтите на софтверот, ама тоа го дознаа и сопствениците на Tesla Model S.

Се работи за 1.743 возила на кои во август 2019-тата преку интернет им бил ажуриран софтверот на нивните автомобили, после што капацитетот на батериите им бил за 10 отсто помал.

Инженерите на Tesla реагирале после три месеци со нов апдејт кој делумно ги отстранил проблемите – тие и во наредните 7 месеци имале на располагање за 7 отсто помал капацитет на батериите.

На крај, во март 2020-тата проблемот софтверски бил решен кај 1.552 возила, на 57 батериите морале да бидат заменети, а останатите сé уште чекаат решение.

Заради сето ова, калифорнискиот производител ќе им плати отштета од вкупно 1,5 милиони долари, што е повеќекратно отколку вистински проценетата штета што ја имале сопствениците на засегнатите возила.

Microsoft и нашите копии на Windows што ги имаме на компјутерите намерно не ги споменуваме.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV