СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Tesla развива платформа со нова архитектура

 

На Tesla’s Battery Day, Елон Маск најави можност во иднина скејтборд платформата да биде заменета со вградување на структурален пакет батерии.

Мало навраќање во блиското минато не потсетува дека првото возило на Маск, Tesla Roadster беше преработка на бензинец во електрично возило.

Многу бргу се покажа дека тоа решение не е баш најсреќно, па Model S беше поставен на нова платформа. Поради сличноста таа беше наречена скејтборд.

Сетот батерии поставен на подницата веднаш ќе се покаже како идеално решение кое е прифатено од поновите производители на батериски електрични возила.

Ниското тежиште, рамномерната распределба на тежината по оски, капацитет за вградување на по еден или два мотори напред и назад, како и можноста за различни надградби, (сеуште) важат за ненадминливи предности.

Но Маск не би бил тоа што е ако се помири со рутината. Преку милион пласирани електрични возила го обврзуваат на понатамошен развој.

Промоцијата на новите батерии, на Tesla’s Battery Day, покрај останатото, тој ја искористи за најава на целосно нова носечка платформа која е наречена Structural Pack односно структурно пакување.

Името асоцира на разместување на пакетот батерии на целата носечка структура, и тоа во форма на саќе.

При објаснувањето на идејата, Маск направи споредба со развојот на авионите и ракетите кај кои најпрвин резервоарот за гориво бил сместен во посебно депо, но потоа тој е преместен во носечката стуктура, односно на самите крилја.

Дали г-дин Elon Musk уште еднаш истрчува пред своето време или пак говори за реални планови? После овие изјави верувам дека сегашните и идните производители на електрични возила,  длабоко ќе се замислат.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот