СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Suzuki Across – цена боли глава!

Suzuki низ Европа започна да ги објавува цените на новиот Across, кој не е ништо друго освен ребрендиран Toyota RAV4 Plug-In Hybrid.

Меѓу првите земји во кои е познато колку ќе чини новиот адут на Suzuki е Велика Британија, каде неговата цена е поставена на високи 45.599 фунти, односно 50.300 евра.

За споредба, цените на останатите 4×4 плаг-ин хибриди на пазарот Peugeot 3008, Vauxhall Grandland X и Mitsubishi Outlander се движат од 44.225 до 46.650 фунти.

Но затоа Ford Kuga и Citroen C5 Aircross во конкурентски плаг-ин изданија но без погон на сите тркала чинат 38.955 односно 36.845 фунти.

Британската филијала на Toyota сé уште ги нема објавено цените на RAV4 PHEV, кој во Германија чини 46.293 евра.

Покрај во Велика Британија, Suzuki ја објави цената на Across и во Шпанија, каде е уште повисока – 53.700 евра.

Suzuki Across ќе се нуди со плаг-ин хибриден 2,5 литарски мотор спарен со два електромотора и максимални 306 коњски сили – истиот тој што се вградува во RAV4 PHEV.

Стандардната опрема вклучува погон на сите тркала, загревани кожени седишта, загреван управувач двозонски клима уред, врата од багажникот која се отвора автоматски и друго.

Литиум-јонските батерии од 18,1 kWh монтирани под подот му обезбедуваат повеќе од солидна автономија од 75 km.

Купувачите ќе можат да бираат меѓу шест бои, а првите испораки ќе бидат наредниот месец.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV