СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Stellantis со инвестиции во кинеска компанија

 

Stellantis и Leapmotor формираа нова компанија, Leapmotor International со која планираат глобален настап со електрични возила.

Старата мудрост вели: ако не можеш да го победиш, тогаш придружи му се.

Токму тоа го направи групата Stellantis купувајќи 21% од кинеската стартап компанија (формирана во 2017) за 1,5 милијарди евра.

Таа аквизиција е потрошена за формирање на нова компанија, Leapmotor International со заедничкото вложување 51:49 помеѓу Stellantis и Leapmotor.

Целта на компанијата со седиште во Амстердам е пласирање на напредни електрични автомобили на европскиот пазар кои користат исклучиво нови енергии за погон.

Јасно тука говориме за електрични автомобили кои кинескиот партнер ги произведува веќе петта година а кои се познати по имплементација на најновите технологии. Вертикаланата организација на производство значи дека најголем дел од компонентите доаѓаат од сопствени извори.

Првично за настап се предвидени моделите Leap T03 кој е урбано возило од А-сегментот, и Leap C10 кој е SUV од Д-сегментот.

За да се избегнат престојните високи царини за кинеските возила, Stellantis планира да ја отстапи својата фабрика во Полска кајшто би требало да се монтира помалиот модел.

Интересно е притоа што нарачките се веќе отворени а цените се прилично популарни. Помалиот модел ќе се продава со почетна цена од 18.900 евра (има автономија од 265 km) додека големиот SUV, C10 се нуди по цена 36.400 евра и има домет од 420 km.

Во намерите за глобален настап, новата компанија започнува од Европа при што ќе се користи распостранетата мрежа на дилери со која располага Stellantis.

На прв поглед се чини дека Stellantis ја поттикнува внатрешната конкуренција, но подеталната анализа открива дека токму во овие сегменти групата има дефицитарна понуда.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот