СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

SSC Tautara: вселенска трка на копно (видео, 2:05)

 

SSC North America е полното има на производителот кој со моделот Tuatara го надмина светскиот брзински рекорд за сериски автомобили – постигна 331 mph (533 km/h).

Британскиот професионален возач Оливер Веб ќе биде запишан во историјата на автомобилизмот како човек кој го постигнал најбрзото време во светот од 533 км/ч.

И тоа управувајќи на јавен пат и со патничка верзија на сериски автомобил.

Возилото е дело на експертите од повеќе области на мото спортот групирани во SSC Notrh America (Shelby SuperCars) компанија основана од Џерод Шелби (Jerod Shelby) во 1998.

Резултат од ангажманот на тркачките ентузијасти е моделот Tuatara кој стана најбрзиот сериски произведуван автомобил во светот.

Патниот суперболид (ќе бидат произведени 100 примероци) на јавна сообраќајница во Невада – која за оваа прилика беше затворена за сообраќај – постигна максимални 331,15 милји на час односно 532,93 km/h.

Просечната брзина од возењата во двата правци изнесува 316,11 мила на час, односно 508,73 km/h.

Заслугите за постигнување на вселенска брзина на површината на планетата Земја, одат на извонредната аеродинамика која постигнува притисок на тлото по оски во однос 38:62, лесната каросерија од карбонски влакна и се разбира на моторот.

Неговата V8 конфигурација со твин-турбо надполнење на цилиндрите со волумен од 5.9 литри, не делува многу спектакуларно. Но максимланите 1.750 КС и погонското гориво Е85 етанол беа доволни да ги симнат од тронот Bugatti и Koenigsegg.

Како тоа изгледа од возачката кабина ќе може да погледнете од приложеното видео.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот