СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Škoda Slavia – за пазарите на неврзаните [видео]

 

Не буквално, ама продажбата на новиот седан на Škoda кој е наменет за пазарите во развој ќе стартува од Индија.

После Kushaq, Slavia е втор модел со кој Škoda ги продолжува своите активности за индискиот пазар кои добиваат на интензитет.

Како поддршка на тоа ќе бидат инвестирани милијарда евра, од кои придобивките ќе се прелеат и на другите слични пазари, биле неврзани или не, сеедно.

Новата лимузина голема скоро колку Octavia ќе биде понудена со избор од два TSi агрегати со максимални 115 и 150 KS, спарени со мануелни или автоматски менувачи.

Јасно, на останатите пазари на кои ќе биде понудена изборот ќе биде составен од моторите и менувачите кои локално се произведуваат.

И веднаш да кажеме – шансите да стигне и кај нас не се многу големи, иако и нашите купувачи со радост би дочекале еден ваков ценовно попристапен модел.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот