СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Škoda Octavia сега и со 1,0 литарски мотор

Откако лани ја претставија Octavia, Чесите постојано ја дополнуваат нејзината гама.

Најново во понудата на популарниот модел е еколошката варијанта со ознака E-Tec, добиена со комбинирање на мал еднолитарски TSI мотор со 48-волтен Mild-Hybrid систем.

Трите цилиндри со помош на турбо компресосор со променлива геометрија на седумстепената DSG спојка испорачуваат скромни 110 KS, за кои Škoda не кажува за какви перформанси се способни.

Единствено од техничките детали што е наведено е дека системот има литиум-јонска батерија од 0,6 kWh сместена под седиштето на совозачот која се полни со регенерација на силата на кочење.

Таа преку конвертер го снабдува 12-волтниот стартер-генератор кој испорачува 50 Nm вртежен момент за подобрување на забрзувањата или пак при крстарења со константна брзина со исклучен бензински мотор.

Според Škoda, со помош на овој систем економичноста на Octavia е подобрена за 0,4 литри на 100 km.

Како и другите моторни варијанти, и Octavia E-Tec ќе биде на располагање во лимузинска и караван изведба.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV