Темпераментниот шпанец ќе биде понуден во изведби започнувајќи од 245 па сé до 310 КС, вклучувајќи тука и plag-in хибрид кој само на струја може да прејде 60 километри.
Од погоните во Марторел ќе излегува најспортската верзија на Leon, кој традиционално се нарекува Cupra, но сега доаѓа под новите ознаки на спортскиот бренд на Seat.
Очекувано, најмоќната изведба под знакот на Cupra ќе носи дволитарски турбо бензинец од 300 КС.
Со тоа количина на коњи под хауба, лесно забрзува до 100 км/ч во помалку од пет секунди а максимумот присилно му е ограничен на 250 км/ч.
Според воспоствената практика, Cupra Leon ќе се нуди во хечбек и караванска изведба, а поради задржување на врвните перформансите, на караванот му се додадени уште 10 коњски сили.
За електрификација е избрана најслабата бензиска изведба со 1.4 TSi мотор од 150 КС на која и е додаден електромотор од 115 КС, така да системската силина на целиот склоп изнесува „само“ 245 КС (400 Nm).
Во основа на плагин хибридот, Cupra Leon eHybrid е споменатиот електричен мотор кој се напојува од литиум-јонска батерија со капацитет од 13 kWh.
Само на струја спортскиот „Леон“ може да помине до 60 километри, и тоа мерено според новите WLTP процедури.
Тоа само значи дека отсега и со изразено спортско возило ќе може да се извршуваат секојдневните транспортни рутини и тоа со нулто загадување на природната средина.
Кога еколошкиот аспект добива апсолутен приоритет малку простор останува за истакнување на спортските капацитети и врадената безбедносна гарда. На овие теми можеме да истакнеме дека Seat Cupra Leon е најбезбедниот Seat кој воопшто е произведен до сега.
Околу импресиите од естетиката не би дискутирале ништо – за тоа ќе ве упатиме на неколкуте фабрички фотографии кои ги приложуваме подолу.
текст: Агрон Сулејман
Фото: Seat