СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Renault Samsung повеќе не постои

 

Јужнокорејскиот огранок на групата Renault го смени името од кое го исфрли Samsung – компанијата сега се вика Renault Korea Motors.

Откако во 2000-тата година француската марка го купи свежо основаниот Samsung Motors, го смени името во Renault Samsung Motors под кое работеше сé досега.

Во изминатиов период беа зацврстени врските со партнерот од алијансата Nissan, понудата беше добро етаблирана а производството технолошки оптимизирано.

Но, користењето на името Samsung кое беше потребно повеќе да им се допаднат на домашните купувачи имаше своја цена – за тоа се плаќаше 0,8 отсто од целокупниот приход.

Французите сега решија да стават крај на тоа и го сменија името на компанијата, под образложение дека на тој начин ќе го зголемат нивото на услугите.

Малку е сменето и логото, а сопственичката структура остана иста – Renault поседува има 80%, а Samsung преостанатите 20 отсто од акциите.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот