СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Renault 5 E-Tech Electric: Икона од минатото, технологија од иднината

 

Renault го претстави новиот5 E-Tech Electric, модел што претставува возбудливо враќање на легендарниот хечбек – сега целосно електрифициран и подготвен за новата ера.

Оригиналниот Renault 5, произведуван помеѓу 1972 и 1985 година, се продаде во над 5,5 милиони примероци на пет континенти.

Секогаш пред своето време, тој беше првиот автомобил што постигна потрошувачка на гориво под психолошката граници од 5 литри/100 км при 90 км/ч.

На големо изненадување на помладата популација тој беше достапен дури и во електрична верзија уште од 1974 година.

Беше визионерски до крај, означувајќи ги почетоците на еко-дизајнот со покрив направен од природни влакна, неспоредлив внатрешен простор и иновативен стил.

Електричниот Renault 5 E-Tech, верен на концептниот автомобил од 2021 година, се навраќа на ова славно минато додека се потпира на трајната љубовна врска што ја делеше со своите многубројни лубители.

Сепак, тој е исто така олицетворение на модерноста, од неговата специјално развиена платформа за мали електрични возила, па се до неговото агилно управување и кул, нова технологија.

Дизајниран како дел од стратегијата на брендот за електрична мобилност, овој модел не е само ретро инспирација, туку и технолошки напредно возило со технологија и компоненти развиени специјално за суб-компактниот EV сегментот.

Платформа и погон

Новиот Renault 5 е изграден врз AmpR Small платформата (поранешна CMF-B EV), прилагодена за припаѓачкиот сегмент на електрични автомобили. Таа овозможува намалена тежина, подобра енергетска ефикасност и поголема внатрешна просторност во споредба со постоечките модели.

За подобар преглед на вградената технологија, еве само едни од најважните решенија:

  • Погон: напред (FWD)
  • Тип на мотор: синхронски електромотор со намотка на роторот (како кај Megane E-Tech)
  • Верзии на моќност:
    • 70 kW (95 КС)
    • 90 kW (120 КС)
    • 110 kW (150 КС)
  • Макс. вртежен момент: до 245 Nm

Батерии и автономија

Renault 5 ќе биде достапен со две верзии на батерија, изработени со NMC (никел-манган-кобалт) хемија, која нуди висока густина на енергија.

  • Малиот пакет: 40 kWh – автономија до 300 km (WLTP)
  • Големиот пакет: 52 kWh – автономија до 400 km (WLTP)

Полнењето се одвива преку CCS приклучок, со следниве можности:

  • AC полнење: до 11 kW (трифазно)
  • DC брзо полнење: до 100 kW (20–80% за околу 30 минути)

Шасија и управување

Renault 5 е првиот мал модел во B-сегментот со торзиона задна оска поврзана во повеќе точки – технологија која ретко се гледа кај градски автомобили. Ова резултира со порафинирано управување и поголема стабилност при повисоки брзини.

  • Маса на возилото: од ~1.450 до 1.550 kg (во зависност од батеријата и опремата)
  • Клиренс: 150 mm
  • Вртежен круг: 10.3 m

Технологија и ентериер

Во внатрешноста, Renault 5 комбинира ретро елементи со модерна технологија. Достапни се два 10-инчни екрани: еден за инструментите и еден за инфозабавниот систем, управуван преку OpenR Link систем со интегриран Google (Maps, Assistant, Play Store).

Возачот со возилото можат да комуницираат преку посебниот интрефејс кој обезбедува совети за ефикасно возење и корисничка поддршка.

Други опции:

  • V2L (Vehicle-to-Load) – можност за напојување на надворешни потрошувачи
  • OTA надградби
  • Адаптивен темпомат, интелигентно сопирање, паркинг асистенција,…

Дизајн и изведби

Renault успеа да ја пренесе естетиката на оригиналниот R5 во модерен контекст: со LED „трепкачки“ светла како омаж на предните трепкачи од оригиналот, дизајнирани „жабести“ светла и компактна, мускулеста силуета.

  • Должина: 3.92 m
  • Ширина: 1.77 m
  • Меѓуоскино растојание: 2.54 m
  • Багажник: 326 литри

Цени и лансирање

Производството ќе се одвива во Франција (Douai), а продажбата започнува во првата половина на 2025 година. Очекуваната почетна цена за базичната верзија е околу 25.000 евра, со можност за субвенции во износ кој се разликува во зависност од пазарот на кој се продава.

Резиме

Со Renault 5 E-Tech Electric, брендот не само што се навраќа на своето славно минато, туку и поставува нови стандарди во сегментот на достапни, но технолошки напредни електрични возила.

Со впечатлив дизајн, солидна автономија и напредни системи за асистенција, овој модел има изгледи да стане нова ѕвезда на европските градски улици.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV