Постојат уникатни возила кои се произведуваат во само неколку примероци – секој од нив претставува неповторлив оригинал.
Automobili Pininfarina ја испорача својата најуникатна порачка до сега, Battista Reversario.
Инспирацијата доаѓа како последица од концептот Battista Anniversario.
Тоа е врв на „Dream Cars. Made Real“ – филозофијата на Automobili Pininfarina за конструирање на уникатни возила во директна сорабтока со своите клиенти.
Секое рачно изработено возило кое ќе го напушти ателјето Cambiano на Automobili Pininfarina е уникатен израз на личноста на секој клиент. Battista Reversario служи како пример, покажувајќи ја софистицираноста на персонализацијата достапна за клиентите.
При креирањето на Battista Reversario, клиентот, заедно со дизајнерите на Automobili Pininfarina, создава нарачано возило што никогаш нема да се повтори.
Колекцијата на возила за познат клиент веќе го вклучува петтиот во ограничената серија од само пет примероци на Battista Anniversario.
Една од највпечатливите карактеристики на Battista Reversario е неговата шема на бои. Таа е уникатна, но секогаш во склад со наследството на Pininfarina.
Внатрешноста во потполност го прати стилот на колорната комбинација од екстериерот. Reversario доаѓа во комплет со ексклузивен сет од три торби за во багажник, кои исто така го одразуваат животниот стил на клиентот.
Во уникати од оваа димензија излишно е да се дискутира квалитетот на употребените материјали. Да, во доменот на непристојноста е и дискусија околу цените. Со нив се запознаени само нарачателот и студиото кое ги изработува.
Pininfarina Battista Reversario, како и Anniversario, е најмоќниот патнички легален италијански автомобил некогаш направен. Придвижуван е од најсовремена погонска единица.
Првиот чисто електричен хипер GT во светот користи литиум-јонска батерија со висок капацитет од 120 kWh, сместена во силно, но лесно куќиште од јаглеродни влакна.
Четири независни електрични мотори со високи перформанси – по еден на секое тркало – се комбинираат со (Torque Vectoring) целосно векторирање на вртежниот момент.
Електронска контрола на стабилноста и софтверски управуваниот диференцијал им овозможуваат на возачите да ја прилагодат испораката на енергија.
Батерија во форма на „Т“ има ладење со течност, а целиот пакет е поставен централно зад седиштата, за да се обезбеди низок центар на гравитација.
Уникатната технологија за контрола на лансирање на Battista придонесува за забрзување на автомобилот во стилот на Formula 1. Од 0-100 км/ч потребни му се само 1,86 секунди, а од 0-200 км/ч ги поминува во само 4,75 секунди.
Battista ги комбинира перформансите на хиперавтомобил со опсег на крстарење и луксузната кабина на традиционален GT. Погонот на сите тркала поседува и избор од пет режими на возење, со што ја прилагодува динамиката на возење.